Голема бела ајкула обезглавила нуркач пред ужаснати рибари во близина на брегот на Мексико во првиот смртонесн напад на ајкула оваа година.

Мануел Лопез, кој имал 50 години, на 5 јануари нуркал во залив на западниот брег на Мексико кога го нападнала ајкула долга 5,7 метри, пишува „Слободна Далмација“.

Лопез нуркал без боци со воздух кога бил нападнат од предаторот. Ајкулата му ја скинала главата на Лопез во тој стравичен напад.

Нуркаше кога животното го нападна, му ја откина главата и ги гризеше двете рамења“, изјавил рибар кој бил сведок на нападот.

Очевидец изјавил дека неколку дена пред нападот во областа биле видени неколку ајкули и дека рибарската екипа била подготвена за можни напади.

Локалните нуркачи беа предупредени за присуство на ајкули во тој регион и повеќето од нив не влегоа во морето неколку дена“, вели рибарот.

Големите бели ајкули можат да пораснат до 6 метри и да тежат до два тона , а имаат и до 300 остри заби.

Кога напаѓа, оваа ајкула може да плива со брзина до 35 милји на час, водена од исклучително силно сетило за мирис. Сепак, ајкулата обично лови китови, морски лавови, делфини и желки.

Се смета дека ајкулите често ги мешаат нуркачите со фоки, особено кога носат костими за нуркање. Тие обично се оддалечуваат по еден залак кога ќе сфатат дека човекот не е нивниот природен плен, но повредите предизвикани од само еден силен угриз често е фатална.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.