Шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирил Буданов изјави дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални починал од природна смрт.

Веројатно ќе ве разочарам, но Навални почина од тромбоза. Тоа е повеќе или помалку потврдено. Ова не се податоци од Интернет, туку, за жал, тоа е природна смрт – изјави Буданов на новинарите, пренесува „Украинска правда“.

Семејството и соработниците на Навални го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин за неговата смрт. Кремљ ги отфрли сите обвинувања.

Навални почина на 16 февруари во затвор во оддалечена област во близина на Арктикот, каде што издржуваше 19-годишна затворска казна за екстремизам.

Државната затворска служба објави дека Навални починал од синдром на ненадејна смрт, откако му се слошило додека шетал низ затворската колонија.

Вчера властите го предале телото на Наваљни на неговата мајка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.