Канцеларијата за човекови права на ОН ги повика руските власти да обезбедат спроведување веродостојна истрага за смртта во затвор на опозицискиот лидер Алексеј Навални, за што беше објавено денеска.

Портпаролката на канцеларијата, Лиз Тросел, рече дека ако некој умре во државен затвор, се претпоставува дека државата е одговорна, објави лондонскиот весник Гардијан.

„Таа одговорност може да се побие само преку непристрасна, темелна и транспарентна истрага спроведена од независно тело. Ги повикуваме руските власти да обезбедат спроведување на таква веродостојна истрага“, рече таа.

Рускиот истражен комитет веќе објави дека покренал истрага за смртта на Навални.

Тросел ги повика руските власти да прекинат со прогонот на политичари, бранители на човекови права, новинари…

„Сите приведени или осудени на затворски казни во врска со легитимното остварување на нивните права, вклучително и правото на слобода на мирно собирање и слобода на говор, треба веднаш да бидат ослободени и сите обвиненија против нив да бидат отфрлени“, рече Тросел



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.