Полската армија пукала на белорускиот граничен контролен пункт Пешатка, соопшти Граничниот комитет на Белорусија.
Ноќта меѓу 10 и 11 април полски војници пукаа на белорускиот патен пункт Пешатка. Полските безбедносни сили се обидоа и да ги заслепат белоруските граничари со стробоскоп.
При проверка на територијата од страна на белорускиот граничен одред, констатирани се оштетувања на ѕидовите на граничните модули, како и метални топки.
Претходно на сличен начин од територијата на Полска беше мета и белоруската гранична станица – соопштија од Граничниот комитет.
За инцидентот на границата била информирана полската страна.
Незаконските дејствија на соседната страна се снимени со камери за видео надзор – се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.