НАТО проценува дека во досегашниот тек на војната во Украина загинале меѓу 7.000 и 15.000 руски војници.

Во соопштението се додава дека вкупните загуби на Русија изнесуваат меѓу 30.000 и 40.000 луѓе, бројка која вклучува жртви, исчезнати, повредени и заробени војници.

Ова е прва јавна оценка на НАТО од почетокот на руската воена акција во Украина.

Според анонимен функционер на НАТО кој ги презентирал податоците пред америкаснки медиуми, проценката е комбинација на податоци добиени од украинската влада, индиции од Русија и информации од терен.

Американската влада, од друга страна, одбила да објави проценки во кои се наведува дека достапните информации не се веродостојни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.