Сојузниците од НАТО се договориле во април да почнат планови за долгорочна воена поддршка на Украина преку формирање фонд вреден 100 милијарди долари. Според плановите, НАТО би презел дел од координацијата од коалицијата предводена од САД, наречена Рамштајн група.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто повтори дека унгарската влада е против тој план. „Унгарија нема да се придружи на оваа лудачка мисија и покрај сите притисоци“, порача тој на Фејсбук.
Портпаролот на унгарската влада Золтан Ковац, реагирајќи минатиот месец на иницијативата на западниот воен пакт, објави на социјалната мрежа Икс дека Унгарија нема да поддржи никакви предлози на НАТО кои би можеле „да ја приближат Алијансата до војна или да го претворат од одбранбена во офанзивна коалиција“.
Односите на Будимпешта со НАТО се напнати бидејќи Унгарија одолговлекуваше со ратификацијата на влегувањето на Шведска во воениот пакт, што на крајот го направи во март.
Американскиот амбасадор во Унгарија Дејвид Пресман порача претходно дека сојузниците од НАТО ја предупредуваат Унгарија на опасноста од „блиските и широки“ односи со Русија и дека, ако тоа биде политичкиот избор на Будимпешта, „ќе мора да одлучи како најдобро да ги заштити своите безбедносни интереси“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.