Наставниците во Англија со големо мнозинство ја отфрлија понудата на британската Влада да им исплати еднократна парична отштета за прекин на штрајковите, објави денеска синдикатот, најавувајќи нов дводневен штрајк на 27 април и 2 мај.

Најголемиот британски образовен синдикат, Националниот образовен синдикат, објави дека 98 отсто од наставниците во Англија кои гласале го следеле советот на синдикатот да ја отфрлат понудата за еднократна исплата оваа година во износ од 1.137 евра и просечно зголемување на платата за 4,5 проценти во следната финансиска година

Министерот за образование Џилијан Кеган несомнено ќе мора да се врати на преговорите со многу подобар предлог, велат од синдикатот.

Синдикатот посочува дека понудата покажува зачудувачки недостиг на „разбирање на очајната ситуација во образовниот систем“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.