Пакистан почнува изградба на гасовод што ќе ја поврзе земјата со Иран.

Како што објавуваат медиумите, пакистанските власти почнале со градежните работи за изградба на 80-километарски дел од гасоводот Пакистан-Иран од Гвадар до точка каде што ќе може да се поврзе со иранскиот гасовод.

Изградбата почнува во очи на очекуваната посета на иранскиот претседател Ебрахим Раиси на Пакистан закажана за 22 април.

Почетокот на изградбата на овој гасоводо доаѓа во услови на силно американско неодобрување на билатералниот потфат на Пакистан со Иран. Претходно, портпарол на Стејт департментот изјави дека „водењето бизнис со Иран е ризик да се дојде во контакт со американските санкции“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.