Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди на влијанието на климатските промени.
Опасни пожари, катастрофални поплави, екстремни топлотни бранови и продолжени суши. Климатските промени не се далечна закана – тоа се случува сега, влијаејќи на животите и екосистемите, напиша Тедрос Аданом Гебрејесус на X, социјалната платформа порано позната како Твитер.
Ајде да се здружиме, да ги намалиме емисиите, да промовираме издржливост и да изградиме одржлив пат напред. Нашата планета и идните генерации зависат од тоа, додаде тој.
Во последните месеци се забележани зголемени топлотни бранови, циклони, поплави, суши и шумски пожари, а јули е забележан како најтопол месец во светот досега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.