Украинското Министерство за енергетика денеска соопшти дека ќе го запре извозот на електрична енергија по огромниот руски ракетен напад врз енергетската инфраструктура.
Денешните ракетни напади, кои ги погодија термоцентралите и друга инфраструктура за снабдување со електрична енергија, ја принудија Украина од утре да го прекине извозот на електрична енергија со цел да го стабилизира сопствениот енергетски систем, се вели во соопштението на украинското Министерство.
Украинскиот министер за енергетика Херман Халушенко изјави дека денешниот напад врз енергетскиот систем е „најголем во досегашниот тек на војната”.
Во телевизиско интервју, тој рече дека руските ракетни напади „на целиот наш синџир на снабдување беа извршени на тој начин што префрлањето на други извори да е што е можно потешко”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.