Три лица се повредени во напад на плоштад во германскиот град Манхајм, јавија германските медиуми. На социјалните мрежи се појави видео од нападот.
На видеото се гледа како лице со нож во рака прво напаѓа политичар, за во следниот момент да му скокнат случајни минувачи, но и полицаец.
Откако успеал да се оттргне од луѓето кои се обиделе да го совладаат, напаѓачот со нож смртно ги прободел полицајците во врат.
Во следниот момент, друг полицаец го застрелал напаѓачот.
Според германските медиуми, нападнатиот политичар е Михаел Штирценбергер (59), познат како критичар на исламот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.