Тропската бура „Налга“ на Филипините зеде најмалку 72 жртви, а 33 лица се здобија со повреди, соопшти денеска Агенцијата за катастрофи , пренесе Си-ен-ен.

Состојба на природна катастрофа е прогласена во градот Котабатао, на островот Минданао, каде околу 67.000 жители се погодени од бурата.
На фотографии и видеа од потрагата и спасувачките напори, може да се види како тела се вадат од водата и густата кал и како жители се заглавени на покриви.

Временската прогноза е дека се очекува главниот град Манила и блиските провинции да бидат погодени од невреме за време на викендов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.