Најмалку 50 луѓе, меѓу кои пет деца, загинаа при ракетен напад на железничката станица во градот Краматорск во источниот дел на Украина, изјави гувернерот на Доњецката област, Павло Кириленко.

Педесет загинати, од кои пет деца. Ова е бројката на загинати досега откако руските окупаторски сили ја нападнаа железничката станица Краматорск, напиша Кириленко на Телеграм.

Претходно беше објавено дека се загинати 39 лица, а најмалку 100 се повредени. Се стравува дека бројот на жртвите ќе биде многу поголем.

Градоначалникопт на градот истакна дека во моментот на гранатирањето на железничката станица присутни биле околу 4.000 луѓе, од кои повеќето жени, деца и повозрасни лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.