Најмалку 27 патници загинаа денеска во Мексико, кога патнички автобус изгубил контрола и излетал од патот во провалија длабока 25 метри, соопштија властите.

Несреќата се случила во регионот Миктека во јужната држава Оахака.

Државниот секретар за внатрешни работи Хесус Ромеро изјави дека во несреќата загинале 27 лица, меѓу кои и едноиполгодишно дете.

Тој рече и дека околу 20 лица се повредени, од кои некои се во многу тешка состојба.

Според соопштението, возачот на автобусот очигледно изгубил контрола над возилото и паднал во провалија.

„Се чини дека недостигот на вештина и замор ја предизвикаа несреќата“, рече Ромеро во изјава за локална телевизија.

Автобусот тргнал од Мексико Сити за да превезе патници во голем број мали, оддалечени планински села во сиромашниот регион Миктека.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.