Кинеската Влада денеска им наложи на работодавачите во Пекинг да ја прекинат работата на отворено, откако метеоролозите најавија дека температурата во главниот град ќе достигне 40 степени Целзиусови.

На владините одделенија им е наредено да се погрижат постарите и болните да можат да престојуваат во разладени простории.

Во градот во кој живеат 22 милиони луѓе објавен е „црвен аларм“, највисоко ниво на системот за предупредување за екстремни температури.

Владата на Кина во понеделникот објави дека во Пекинг 10 дена се регистрирани температури над 35 степени Целзиусови, што е најдолга таква низа од 1961 година.

Во исто време, поплавите принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови во јужна Кина.

Кинеската Влада издаде предупредување за можни поплави во Внатрешна Монголија на север, Хеилонгџианг на североисток и Тибет и Сечуан на југозапад. рп/

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.