Најмалку 10 ракети се истрелани денеска од Либан кон северен Израел, соопшти израелската армија.

Девет ракети биле пресретнати од системот за противвоздушна одбрана, се наведува во соопштението, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Нема извештаи за повредени или материјална штета.

Израелската војска, која го обвини Хезболах за нападот, соопшти дека нејзините војници со артилерија ги гранатираат местата за лансирање.

Сирените за воздушна опасност се огласија претходно во неколку населени места во близина на границата со Либан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.