Велика Британија објави дека Русија најверојатно го освоила Соледар, рударски град во источна Украина. Британското Министерство за одбрана објави дека по четири дена напредување, руските војници и платениците на Вагнер можеби ја презеле контролата врз Соледар, каде што се наоѓаат рудниците за сол.

Доколку се потврди, тоа ќе биде најважниот руски успех од август, по серијата понижувачки порази во втората половина од минатата година. Руските сили со месеци се борат за блискиот Бахмут, неколку километри југозападно. Двете страни имаат огромни загуби.

Москва тврди дека заземањето на Бахмут би било важен чекор кон преземање целосна контрола врз Доњецката област, една од четирите провинции анектирани од Русија пред два месеци.

Руското Министерство за одбрана не ги спомна Соледар или Бахмут на брифингот со новинарите во понеделникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.