Поради санкциите против Русија, во пристаништето Зибриж во Белгија, речиси еден месец стојат повеќе од 8.000 нови луксузни автомобили.

Според странските медиуми, станува збор за серија луксузни автомобили кои пристигнале по море од Азија на почетокот на април и требало да бидат претоварени и транспортирани во Русија. Но, во меѓувреме се воведени построги санкции со кои се забранува извоз на возила вредни над 50.000 евра. Како резултат на тоа, многу скапи автомобили останаа заробени во Белгија.

Станува збор за серија луксузни модели, од американскиот Кадилак и јапонскиот Лексус до германските премиум производители предводени од Мерцедес, кои се особено посакувани во Русија.

Покрај автомобили, на пристаништето има и друга стока која остана заглавена поради санкциите. Досега се запрени околу 1.100 контејнери на пат кон Русија, тврдат неименувани извори од управата на пристаништето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.