Повеќе од 42.000 луѓе во САД загинале како резултат на оружено насилство во 2023 година.
Според податоци собрани од Архивата за огнено насилство (ГВА), најголем дел од смртните случаи, 23.760, се случиле како резултат на самоубиство, додека, пак, 18.507 луѓе загинале од ненамерно пукање, убиства и одбранбена употреба.
Бројката вклучува 650 инциденти со масовно пукање, 40 масовни убиства, 1.161 случаи на одбранбена употреба и 1.543 ненамерни пукања.
Од ГВА додаваат дека повеќе од 1.600 деца на возраст од 0 до 17 години биле убиени во инциденти со оружено насилство, а 4.444 други биле повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.