43 патници, од кои седуммина се тешко повредени откако туристички автобус излетал од автопатот во Баварија. Автобусот со 61 патник се движел од германската покраина Северна Рајна Вестфалија кон до австрискиот ски-центар Капрун.
Според извори од баварската полиција, утрово околу 7.30 часот автобусот излетал од патот и удрил во пречка во близина на градот Инзел, пренесува АП.
Во несреќата не учествувале други возила, а полицијата соопшти дека седум лица се тешко повредени, додека 36, меѓу кои и возачот, се полесно повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.