На Германија ѝ требаат три години да организира алтернативно снабдување со гас за да стане независна од гасот од Русија, изјави извршниот директор на германскиот енергетски гигант E.ON.
Проценивме дека ова ќе бара период од три години“, изјави извршниот директор на E.ON, Леонхард Бирнбаум, за германската ТВ емисија Tagesthemen, на прашањето колку брзо Германија може да се одвикне од рускиот гас.
Без снабдување со руски гас, германската економија би претрпела огромна штета, што треба да се избегне доколку е можно, додаде тој.
Тој, исто така, предупреди на несакани ефекти поради недостигот на компоненти и суровини во различни понатамошни индустрии.
На состанокот на лидерите на Европската унија во петокот немаше заеднички став за минатонеделното барање на Русија дека „непријателските“ земји мора да го плаќаат својот гас во рубљи, а не во евра. Ова беше откако САД и европските сојузници се здружија околу серија санкции насочени кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.