Американското Министерство за финансии официјално вклучи на црниот список уште две руски компании, производители на дијаманти и бродоградители, со тоа што им го оневозможи пристапот до американскиот финансиски систем.
Најновите санкции се насочени кон руската државна компанија „United Shipbuilding Corp“ и кон компанијата за ископување дијаманти „Алроса“.
Преку овие санкции, Министерството за финансии ги прекинува дополнителните извори на поддршка и приходи на владата на Руската Федерација за да ја води својата неиспровоцирана војна против Украина – се наведува во соопштението.
Во него се додава дека „Алроса“ е најголемата светска компанија за ископување дијаманти, со 28 отсто од светското производство на дијаманти. Во 2021 година, „Алроса“ остварила повеќе од 4,2 милијарди долари приход.
Бродоградната корпорација „е одговорна за изградба на речиси сите руски воени бродови – се додава во соопштението
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.