Социјалистичката партија на Албанија, која има мнозинство во парламентот, формираше работна група за номинирање на претседателски кандидат. Меѓу имињата кои доминираат има најмногу жени, пренесува „Сот њуз“.

Мандатот на Илир Мета завршува на 24 јули, а, како што велат, Еди Рама е премиерот кој им дал повеќе простор на жените во политиката од која било претходна влада. На листата на потенцијални претседателски кандидати на масата на Рама се само жени.

Кандидати за претседател се Мајлинда Брегу, Валентина Љескај, Мими Кодељи, Ермељинда Мекси, Ина Рама, Љуљета Божо, Миљва Икономи, Бесијана Кадаре и Ауреља Анастаси. Мејлинда Брегу е единствената албанска десничарска политичарка со врски во Брисел и Вашингтон, која кариерата ја продолжува како дипломат во регионалните институции на Европската унија.

Валентина Љескај со многу интензивна политичка кариера е едно од можните имиња за претседател. Таа беше избрана за пратеник во четири собраниски свикувања, а беше и заменик претседател на Собранието. По заминувањето на Илир Мета од функцијата претседател, Љескај претседаваше со Собранието.

Еден од кандидатите е поранешна министерка за одбрана Мими Кодељи, а како што се наведува, идеален претседател би била поранешната пратеничка Ермељинда Мекси, политичарка со 20-годишна кариера. Нејзиното име на чело на Претседателството се шпекулираше и во 2017 година.

Уште едно изненадување на списокот на албанскиот премиер е Ина Рама, главна обвинителка на Република Албанија од 2007 до 2012 година.

Можно е и идниот претседател да биде најпознатата жена во светот на науката, инженерството и геотехниката, Љуљета Бозо, додека Миљва Економи, како што велат, е политичарка на која Рама во последните години ѝ доверил многу важни функции во владата.

Бесиана Кадаре, ќерката на Исмаил Кадаре, има богата дипломатска кариера. Од 2002 година работи во Министерството за надворешни работи, а потоа и прв секретар во Мисијата на Република Албанија во ОН. Од 2011 до 2016 година беше амбасадор во УНЕСКО, а потоа ја презеде функцијата амбасадор на Албанија во ОН и нерезидентна амбасадорка во Куба. Неодамна, Бесиана Кадаре по втор пат беше акредитирана како амбасадор на Албанија во УНЕСКО.

За Аурелија Анастаси, која дипломирала право на Универзитетот во Тирана во 1988 година, се вели дека има долга и успешна кариера во областа на правдата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.