Во тек е спасувачка операција за евакуација на последните украински борци од огромната железарница „Азовстал“, последниот бастион на отпорот против руската армија во стратешкото украинско пристаниште Мариупол.

Генералштабот на украинската армија соопшти дека војниците од „Азовстал“ ја исполниле нивната борбена задача“.

На преостанатите украинските команданти во централата им е наредено „да ги спасат животите“ на останатите.

„За жал, Украина во моментов не може да го деблокира „Азовстал“ со воени средства“, соопштија преку „Телеграм“ од украинското Министерство за одбрана



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.