Претставници на израелското Министерство за здравство денеска пред парламентарната здравствена комисија изјавија дека Хамас им дал на заложниците ослободени од заробеништво лекови за смирување пред да ги предаде на Црвениот крст на пат кон Израел.

Како што е наведено, целта на „Хамас“ била заложниците да изгледаат смирени, среќни и оптимисти откако биле изложени на физичко малтретирање и психички терор во текот на повеќе од 50 дена во Појасот Газа, пренесе Бета.

Директорот на одделот за исхрана во Министерството, Хагар Мизрахи, изјави дека на заложниците им бил даден Клоназепам (Ривотрил), кој меѓу другото, според израелските медиуми, се користи за анксиозни нарушувања.

Претставниците на Министерството не открија дали тоа е потврдено со тестовите на крвта на ослободените заложници во израелските болници или врз основа на нивните сведоштва.

Тоа го кажаа и семејствата на заложниците.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и уште двајца членови на Воениот кабинет денеска ќе се сретнат со семејствата на заложниците кои се уште ги држат.

Во нападите на југот на Израел на 7 октомври, палестинските екстремисти предводени од Хамас убија над 1.200 луѓе и одведоа околу 240 заложници во Појасот Газа, наведува Бета.

За време на неодамна склученото седумдневно примирје во војната, беа ослободени 105 заложници, меѓу кои 81 Израелец, 23 Тајланѓанец и еден Филипинец.

Израелските власти соопштија дека во Газа се уште се држат 137 заложници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.