Руските власти соопштија дека спречиле терористички напад спонзориран од Украина во Чегем, Кабардино-Балкарија, кој е блиску до границата на Русија со Грузија. Во извештајот се наведува дека двајцата осомничени се убиени. За тврдењата на руските безбедносни служби засега не се понудени докази.
Федералната служба за безбедност ги запре активностите на двајца претходно осудени руски државјани кои според инструкциите на украинските специјални служби подготвувале терористички акт во градот Чегем. По извршувањето на делото планирале да заминат во Украина за да учествуваат во непријателските активности против руските вооружени сили, се вели во извештајот.
„На местото на судирот пронајдена е импровизирана експлозивна направа со јачина од околу 2 килограми во еквивалент на ТНТ, автоматска пушка АК-74, пиштол и муниција“, додаваат тие, пренесува Гардијан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.