Официјална Москва го отфрли планот на Киев за тоа Швајцарија да ги застапува интересите на Украина во Русија, наведувајќи дека повеќе не ја смета Швајцарија за неутрална земја.
Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Иван Нечаев денеска изјави дека Швајцарија побарала дозвола од Москва да ги застапува интересите на Украина и дека Москва го одбила барањето.
Многу јасно одговоривме дека, за жал, Швајцарија го загуби статусот на неутрална држава и дека не може да биде посредник или претставник. Берн се приклучи на незаконските санкции на Западот против Русија – рече Нечајев.
Нечаев додаде дека Швајцарија не може да ги застапува ниту руските интереси во Украина.
Украина ги прекина дипломатските односи со Русија набргу откако Москва ја почна воената операција во земјата на 24 февруари.
Киев побара од Швајцарија да ги застапува интересите на Украина во Русија, додека Берн инсистираше на тоа дека треба да се добие согласност од Москва за таков потег.
Претходно, Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека бил постигнат начелен договор со Швајцарија за застапување на украинските интереси на територијата на Русија.
Во име на претседателот на Украина, Министерството за надворешни работи постигна начелен договор со Швајцарија за застапување на украинските интереси на територијата на Русија. Изборот во корист на Швајцарија е направен поради нејзиното големо искуство во извршувањето на таквите функции и ние сме благодарни на швајцарската влада за нејзината подготвеност да ги обезбеди овие услуги – изјави Олех Николенко, портпарол на Министерството за надворешни работи на Украина.
Како што е наведено, Министерството за надворешни работи прави максимални напори да ги заштити интересите на украинските граѓани во Русија.
Оттаму велат дека стотици илјади Украинци кои беа илегално депортирани од украинските градови и села привремено окупирани од руската армија им е потребна помош, меѓу кои има и деца, а на територијата на Русија без документи се најдоа и многу украински граѓани.
Портпаролот додаде дека на територијата на Руската Федерација нема украински дипломатски претставништва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.