Москва реагира на денешната одлука на Генералното собрание на ОН за исфрлање на Русија од Советот за човекови права.

Одлуката донесена со 93 гласа „за“, Москва ја нарече „незаконска“ и „политички мотивирана“.

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, рече дека „Русија жали за одлуката“ и „ќе продолжи да ги брани своите интереси користејќи ги сите правни средства“.

Протерување на земја од Советот за човекови права на ОН досега се случило само еднаш, кога Либија беше протерана во 2011 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.