Руските сили извршиле егзекуции на цивили на различни локации околу Киев, што е очигледно воено злосторство, се наведува во новиот извештај на Амнести интернешнал.

Според Би-Би-Си, оваа организација за човекови права интервјуирала над 20 луѓе од градовите и селата во близина на главниот град на Украина, кои биле сведоци или имале директни сознанија за насилството.

„Во последните недели, собравме докази дека руските сили извршиле вонсудски егзекуции и други незаконски убиства, кои мора да се истражат како очигледни воени злосторства“, рече генералниот секретар на АИ, Агнес Каламар.

„Доказите покажуваат дека невооружени цивили во Украина биле убиени во нивните домови и на улиците во чин на незамислива суровост и шокантна бруталност“, рече таа.

Според едно сведоштво, една жена во село источно од Киев изјавила за АИ дека двајца руски војници влегле во нејзината куќа на 9 март, го убиле нејзиниот сопруг, а потоа ја силувале неколку пати додека ја држеле под пиштол додека нејзиниот млад син се криел во блиската соба.

Како што руските сили се повлекуваат од северна Украина, така се појавуваат вознемирувачки приказни за животот под окупација.

На дописникот на Би-Би-Си му беше кажано дека руските војници користеле селани како жив штит за време на украинските контра напади.

Русија постојано негираше дека нејзините сили извршиле злосторства и се обидува да ја префрли вината на други страни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.