Дрон се урна во близина на градскиот суд во Москва, пренесува рускиот весник „Известија“.

Сѐ уште не се познати деталите за инцидентот. На дронот не биле прикачени никакви предмети, објави весникот повикувајќи се на извор. Да потсетиме, во понеделникот во шума во близина на Москва беше пронајден дрон исполнет со експлозив.

Руската државна новинска агенција ТАСС вчера објави дека три беспилотни летала со камери се пронајдени во различни области на московскиот регион.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.