Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека украински дронови ноќеска ја нападнале руската престолнина, но дека нема жртви.
Во објава на Телеграм, Собјанин напиша дека две деловни згради во градот се „малку оштетени“ однадвор и додаде дека нема жртви ниту повредени.
Повикувајќи се на агенциите за спроведување на законот, руските медиуми јавија дека во нападот учествувале два дрона, кои подоцна биле соборени во западниот московски регион.
Руското Министерство за одбрана во објава на Телеграм тврди дека уште еден дрон бил уништен над московскиот југозападен округ Одинцово.
Официјален Киев сè уште не ги коментирал информациите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.