Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека Полска не може да ги остави на цедило своите соседи и ги повика другите нации „да го поддржат борбениот дух на Украина“.
Моравјецки кажа дека украинските трупи се борат за безбедноста на Европа.
Треба да ја поддржиме оваа борбеност, преку грижата за најслабите, кажа тој. „Денеска видовме жени и деца, бидејќи мажите се борат на фронтот за слободна Украина и за нашата безбедност“, додаде полскиот премиер.
Моравјецки изјавата ја даде во Лавов, градот во западна Украина што вчера беше ракетиран, на отворањето на новиот објект за привремено сместување на раселените лица.
Полската Влада соопшти дека во партнерство со Украина, во привремените контејнерски градови во Лавов, како што е овој денешниот, ќе бидат сместени до 5.000 Украинци, раселени од другите делови на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.