Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден повеќе нема да наметнува обврска за носење маски во јавниот превоз, откако федерален судија во Флорида пресуди дека директивата е нелегална, поткопувајќи ги клучните напори на Белата куќа за намалување на ширењето на Ковид-19.

Сите големи авиокомпании го поздравија потегот со тоа што одлучија дека повеќе нема да бараат носење маски.

Федералната судијка во Флорида, Кетрин Кимбал Мизел, во понеделникот пресуди дека 14-месечната директива е незаконска.

Мизел рече дека Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) ги надминале своите овластувања со наметнување на обврската за носење маски, не барале мислење од јавноста и не ги објасниле соодветно своите одлуки.

Пресудата доаѓа во период кога бројот на случаи во САД почнува повторно да расте, со просечни 36.251 нови инфекции секој ден и 460 смртни случаи на ден.

Белата куќа пресудата ја нарече „разочарувачка“.

Со порастот на бројот на случаите на Ковид-19, укинувањето на обврската за носење маски може да предизвика недоверба кај некои патници, додека некои би можеле на тој начин да се поттикнат повторно да летаат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.