Весникот „Монд“ пишува дека со тоа што ја отфрлија нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за „итен хуманитарен прекин на огнот“ во Газа, САД на 8 декември загарантирале продолжување на страдањата на цела нација во Газа, предизвикани од Израел.
Уредништвото на весникот укажува на фактот дека правото на самоодбрана станало право на уништување, во согласност со најавата на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, кој зборувајќи за населението во Газа изјави дека Израел се соочува со „човеколики животни“ и како такви ќе ги третира.
Стратегијата насочена кон елиминирање на Движењето на исламскиот отпор (Хамас) сега, како што наведува весникот, се претвори во масовни убиства на цивили, бомбардирање болници, осиромашување и изгладнување стотици илјади луѓе.
Во уводникот со наслов „Израел изгубен во масакрот во Газа“, се наведува дека „Палестинците, по наредба на Израел, како говеда ги бркаат од еден во друг дел на Појасот Газа, а извиците на агенциите на ОН, кои прават импресивни напори, одекнуваат во празнината“.
„Монд“ наведува дека овој невиден масакр не е оправдан бидејќи неговите досегашни резултати се уште се далеку од декларираната цел за елиминација на Хамас. Од весникот посочуваат дека поразот на Израел во оваа војна не е изненадување бидејќи повеќе од половина век, и пред 7 октомври, не се снаоѓа во борбата против ова движење. „од „Монд“ истакнуваат дека Израел отстапува од законот, со тоа уништувајќи се себеси, а САД тоа не го спречуваат.
Весникот, во однос на блокираната резолуција за прекин на огнот, поставува прашање „дали Вашингтон верува дека продолжувањето на израелското бомбардирање на Газа без заштита на цивилите може да резултира со нешто друго освен омраза, која не се гаси во оваа крвава земја“?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.