Молдавија објави дека протерала руски дипломат поради организирање на гласање за руските претседателски избори во Придњестровје, молдавскиот сепаратистички регион.

Молдавија го повика на разговор рускиот амбасадор, Олег Васњецов, протестирајќи поради тоа што во Приднестровје беа отворени шест избирачки места на кои руските државјани од регионот гласаа за руските претседателски избори „спротивно на ставот на молдавските власти“.

Од молдавското министерство за надворешни работи додаваат дека го информирало Васњецов дека вработен во Руската амбасада, чие име не е соопштено, е „соработник“ кој е прогласен за персона нон грата и мора да ја напушти земјата.

Молдавските власти постојано ја обвинуваат Русија дека води „хибридна војна“ против нивната земја со, како што велат, финансирање антивладини протести, мешање во локалните избори и водење обемни кампањи за дезинформации во обид да се собори владата и да се одврати земјата од нејзиниот пат кон членство во ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.