Мнозинството Германци веруваат дека германското снабдување со оружје за Украина значи дека нивната земја учествува во војната, јави ДПА.
Социолошкото истражување спроведено од Институтот „Југав“ во име на германската новинска агенција ДПА покажува дека 51 отсто од анкетираните се согласуваат со таа изјава, а само 37 отсто не се согласуваат.
Од почетокот на руската воена операција во Украина пред една година, германската влада одобри испорака на оружје и друго вооружување за Украина во вредност од околу 2,6 милијарди евра.
Според неодамнешните статистики на Институт за светска економија од Кил, Германија е на четвртото место во однос на воената помош за Украина, по САД, Велика Британија и Полска. Но, кога се зема предвид износот на воената помош во однос на бруто домашниот производ, Германија е повисоко рангирана дури и од помалите земји, особено оние во Источна Европа.
Една година по почетокот на војната, луѓето во Германија се прилично скептични за снабдувањето со оружје. Четириесет отсто сметаат дека Германија испраќа премногу оружје во Украина, 22 отсто сметаат дека помошта е премала, а 23 отсто сметаат дека станува збор за вистинската сума.
Што се однесува до планираната испорака на тенковите Леопард 2, 44 отсто сметаат дека тоа е грешка, а 41 отсто дека тоа е правилен потег. Германската влада сака да ги испорача првите 18 тенкови во воената зона до крајот на март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.