Еден облачен ден во Токио оваа недела, околу триесет мажи и жени се шетаа во групи од по четворица низ ботаничката градина, зборувајќи срамежливо додека бараа траги како дел од играта, а можеби и животен партнер. Тие се учесници на еден од многуте настани со цел спојување на парови, кои владата на јапонската престолнина со години ги организира во обид, кој засега е неуспешен, да го запре намалувањето на бројот на бракови и раѓања деца.
Откако организираше забави и понуди совети за мода и за состаноци, метрополата од 14 милиони луѓе сега се надева на поширок опсег и подобри резултати со лансирање на апликација за запознавање преку вештачка интелигенција уште оваа пролет.
Апликацијата на потенцијалните невести ќе им поставува повеќе од 100 прашања како „Каков тип на личност не ви се допаѓа? и „Дали ви е комотно да ги споделите вашите чувства со другите?” Потоа ќе предложи соодветни луѓе кои користат голема количина на податоци врз основа на одговорите на 150.000 парови.
Токио планира да ги прегледа корисниците со онлајн интервјуа и да побара од учесниците сертификати за да го докажат својот статус на самец во процес кој Каори Ширатори, 56-годишна државна службеничка, која беше избрана да учествува на настанот во ботаничката градина, го смета за охрабрувачки.
Би сакала да ја пробам новата апликација. Се обидов да соберам храброст да му пријдам на тој човек што го сметав за привлечен, но сите побрзаа кон него, па немав шанса“, изјави таа пред да го напушти настанот без да најде партнер.
Токио, чие население се очекува да почне да се намалува од 2030 година, речиси ќе ја удвои својата распределба за услуги за поддршка на бракот на 335 милиони јени (околу 2 милиони евра) во фискалната година што почнува следниот месец. Главниот град им се придружува на локалните власти како оние во префектурите Саитами и Ибараки со апликацијата за запознавање.
Владата на премиерот Фуми Кишида, исто така, го идентификуваше падот на наталитетот како клучен проблем што треба да се реши оваа деценија. Населението во земјата се намалува од 2008 година, кога го достигна својот врв. Речиси една третина од мажите во нивните 50-ти во Токио никогаш не биле во брак.
Податоците собрани од „Recruit Holdings“ покажуваат дека 46 отсто од мажите и 30 отсто од жените во нивните 20-ти никогаш немале девојка или момче. Новата апликација, која ќе биде достапна за оние кои живеат, работат или студираат во Токио, ќе бара и доказ за приход.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.