Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева изрази очекувања за послабо закрепнување и повеќе ризици за светската економија.

Според неа, тоа се должи на забавувањето на економиите на САД и Кина, но и на oмикрон варијантата на коронавирусот. Овие процеси имаат влијание врз инфлацијата и долговите.

Се предвидува дека инфлацијата во САД ќе се намали во вториот квартал од годината, благодарение на премостувањето на ограничувањата во синџирот на снабдување, пренесува БГНЕС.

Би сакала да имам пооптимистична перспектива на почетокот на годината. Но, реалноста е дека гледаме послаб моментум на закрепнување и поголема неизвесност, повеќе ризици во 2022 година. Од аспект на Фондот, на крајот на претходната година бевме загрижени дека закрепнувањето слабее. Зошто? Бидејќи двата главни двигатели на светската економија, САД и Кина, се забавија во споредба со летните прогнози. И сега го имаме oмикрон, објасни Кристалина Георгиева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.