ММФ објави дека глобалниот раст се очекува да забави до 2,7 отсто следната година. Ваквата проценка на светското финансиско тело ги зема предвид тешкотиите со кои се соочува светот предизвикани од последиците од руската воена операција во Украина, спиралните трошоци за живот и економските падови.
Најлошото допрва доаѓа, а за многу луѓе 2023 година ќе се чувствува како рецесија – изјави економскиот советник на Меѓународниот монетарен фонд, Пјер-Оливие Гуриншас во најновите анализи за светската економија (World Economic Outlook).
Прогнозата на ММФ покажува дека Германија и Италија ќе влезат во рецесија следната година, со што ќе станат првите напредни економии кои ќе имаат забавување во економиите по случувањата во Украина.
Целокупното производство на еврозоната нагло ќе забави во 2023 година, бидејќи германскиот бруто домашен производ – најголемиот во регионот – ќе се намали за 0,3 отсто, додека италијанскиот БДП ќе се намали за 0,2 отсто – објави ММФ во ажурирањето на својата светска економска перспектива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.