Голем број млади Етиопјани се собираат пред руската амбасада во главниот град Адис Абеба, а се шират информации дека Русите регрутираат војници за војната во Украина.

Ваквите шпекулации се проширија откако многу Етиопјани се собираат пред амбасадата носејќи лични документи.

Еден млад човек кој чекал на влезот за „Би-Би-Си“ изјавил дека бара добра плата како војник или да добие друга работа.

Сепак, Русија ги демантира таквите информации, а челните луѓе на амбасадата тврдат дека во Етиопија не е во тек регрутирање и дека многумина се солидаризираат со Русија.

Многумина изразуваат поддршка за Русија, а некои од нив се подготвени да помогнат на секаков начин. Меѓутоа, ние не регрутираме – изјави портпаролката на тамошната руска амбасада, Марија Чернукнина, .

Амбасадата ја објави ситуацијата и на Твитер.

Ве информираме дека амбасадата не прифаќа никакви барања за регрутирање во вооружените сили на Руската Федерација – се наведува во соопштението, во кое тие се заблагодаруваат на Етиопија за поддршката што и ја пружила на Русија за време на гласањето во ОН.

Етиопија беше меѓу земјите кои не гласаа во врска со резолуцијата за руската воена акција во Украина, кога 17 африкански земји беа воздржани од гласање, а меѓу нив и Јужноафриканската Република.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.