Мировните сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), во чии рамки има значителен контингент српски војници, соопштија дека нема да ги напуштат своите позиции на југот на земјата и покрај, како што велат, израелското барање за „преместување“.
На 30 септември, ИД (израелската армија) го извести УНИФИЛ за својата намера да преземе ограничени копнени упади во Либан.
Тие, исто така, побараа од нас да се преместиме од некои од нашите позиции“, се вели во соопштението на привремените сили на ОН во Либан.
Во соопштението се додава дека „мировниците остануваат на сите позиции, а знамето на ОН продолжува да се вее“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.