Вчера украинскиот медиум „Зеркало недели“ објави дека втората рунда преговори ќе се одржи на 2 март, но немаше официјална потврда за ова од ниту еден член на преговарачките тимови од двете страни

Мировните преговори меѓу Русија и Украина ќе продолжат вечерва, јави руската државна новинска агенција Тасс, но засега нема информација од украинската страна.

Вчера украинскиот медиум „Зеркало недели“ објави дека втората рунда преговори ќе се одржи на 2 март, но немаше официјална потврда за ова од ниту еден член на преговарачките тимови од двете страни.

„Нашата делегација ќе биде подготвена да ги продолжи разговорите“, изјави претходно Песков.

Се уште нема информации каде би можеле да се одржат разговорите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.