Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде потпиша барање со кое се изјавува дека земјата сака да се приклучи на НАТО.

Овој потег го означува формалниот чекор на Стокхолм кон приклучување на воениот сојуз предводен од САД, ставајќи крај на долгогодишната воена неутралност.

Ова е голема и сериозна работа и сметаме дека може да потрае една година за да се приклучиме. Овој заклучок е најдобар за Шведска. Апликацијата ќе биде поднесена заедно со Финска, а потоа ќе биде обработена од НАТО, рече Линде.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон рече дека земјата треба да се приклучи на НАТО заедно со соседна Финска за да ја обезбеди безбедноста на шведскиот народ.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека влезот на двете нордиски земји во НАТО нема да претставува закана за Русија, но воената експанзија на територијата ќе предизвика нивен одговор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.