Петкратниот олимписки шампион во синхронизирано пливање и генерален секретар на рускиот олимписки комитет Анастасија Давидова побегна од земјата, објавија руските медиуми.

Според информациите, таа го известила персоналот на Федерацијата за синхронизирано пливање во Москва, на чие чело беше таа, за нејзината намера да не се враќа во земјава, но за тоа официјално не биле информирани ниту федерацијата, ниту Олимпискиот комитет.

Рускиот олимписки комитет соопшти дека Давидова дури и не поднела оставка од функцијата генерален секретар. Давидова ја презеде улогата по истакнатата спортска кариера во која освои медали на игрите во Атина, Пекинг и Лондон. Само Светлана Ромашина е подобра од неа во синхронизирано пливање. Покрај петте олимписки златни медали, Давидова е и тринаесеткратна светска шампионка и седумкратна европска шампионка.

Заминувањето на Давидова од Русија следи по делумната мобилизација за војната во Украина и наредбата на Министерството за спорт до националните управни тела да ги прекинат камповите за обука во странство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.