Мексиканскиот претседател, Андрес Мануел Лопез Обрадор, соопшти дека го одбил барањето на САД за формирање транзитни центри за мигранти во Мексико, каде што tтие би можеле да аплицираат за американски работни и бегалски визи.
Обрадор порача дека таквите центри треба да се формираат во земјите од каде што доаѓаат мигрантите, иако значителен број мигранти кои влегуваат во САД доаѓаат од Мексико.
Мексиканскиот претседател додаде дека ќе го покрене ова прашање на состанокот на латиноамериканските лидери на кој ќе биде домаќин подоцна овој месец, сугерирајќи дека земјите би можеле да се договорат за заеднички план за такви локации.
Средбата треба да се одржи во Паленке на југот на Мексико. Меѓу оние кои се очекува да присуствуваат се Еквадор, Колумбија, Венецуела, Ел Салвадор, Хондурас, Гватемала, Хаити, Куба, Костарика, Панама и Белизе.
Во Гватемала се формирани транзитни центри за мигранти, финансирани од САД, со цел таму да се примаат апликации од луѓе со потекло од Централна Америка кои бараат работни визи, обединување на семејството или статус на бегалци.
Центарот е дел од поголема миграциска стратегија чија цел е да се намали големиот број мигранти од Латинска Америка и Карибите во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.