Американците се меѓу „големиот број“ заложници кои се држат во Газа, изјави израелскиот министер за стратешки прашања Рон Дермер за Си-Ен-Ен.

Тој одби да прецизира за колкав број Американци се рбаоти.

Дермер нагласи дека меѓу заложниците во Газа има жени, деца и постари луѓе.

Повеќе од 600 луѓе загинаа на израелска страна во војната меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска израелската влада.

Од почетокот на воената офанзива во Израел, „Хамас“ заробил повеќе од 100 луѓе, се наведува во соопштението на израелската влада. Повредени се над 2.000, а 200 од нив се во критична состојба, изјави претставник на владината прес-служба.

Најмалку 370 луѓе загинаа, а 2.200 се ранети во Газа во израелските одмазднички напади во палестинската енклава, соопшти палестинското Министерство за здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.