Поранешниот руски претседател и актуелен заменик претседател на Советот за безбедност на ОН, Дмитриј Медведев, изјави дека западните санкции ќе го консолидираат руското општество и нема да предизвикаат незадоволство кај владата.

„Глупаво е да се верува дека западните санкции против руските компании може да имаат каков било ефект врз владата во Москва. Санкциите само ќе го консолидираат руското општество и нема да предизвикаат народно незадоволство кај владата“, рече Медведев во интервју за руската новинска агенција РИА новости.

Медведев кажа дека анкетите покажуваат оти три четвртини од Русите ја поддржуваат одлуката на Кремљ да спроведе воена операција во Украина, а уште повеќе го поддржуваат Путин. Медведев рече дека руската Влада ќе мора сама да најде „соодветни решенија“ за да го поттикне развојот на авијацијата, автомобилската индустрија, ИТ и другите индустрии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.