Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев изјави денеска дека условите што ги постави претседателот на Украина Володимир Зеленски за примирје не се остварливи.
Условите што Зеленски ги поставува за примирје со категорични до идиотизам и во принцип неостварливи, истакна Медведев на Телеграм, а пренесува Тасс.
Тој рече дека претседателот на Украина бара повторно да се украдат Донбас и Крим, како да не е свесен за волјата на нивните жители.
Медведев рече и дека сојузот меѓу Германија и Полска, кој ја ескалира ситуацијата околу Украина, ќе има корист доколку таа земја исчезне од картата.
Тој укажа на изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц дека Германија нема да го прифати мировниот договор што го наметна Русија, а тоа е истиот став што го има и Украина.
Зошто на Шолц му треба Украина? Не треба да одите далеку за да го најдете одговорот. Полско-пруската алијанса, која со сите сили ја ескалира ситуацијата и го турка вознемирениот Зеленски на сè покатастрофални изјави и акции, ќе биде од голема корист доколку државата Украина исчезне од картата, рече Медведев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.