Дмитри Медведев, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, вели дека санкциите наметнати од Запад кон Русија се објавување на економска војна. Поранешниот руски претседател ги осуди мерките како незаконски. Тој вели дека тоа е чин на меѓународна агресија врз Руската Федерација „од одредени држави или нивни сојузници“.
Медведев го изјави ова на својот канал на Телеграм, каде што предупреди дека никој не треба да се сомнева во правото на Русија да се брани според меѓународното право и во границите на она што го „смета соодветно“.
Тој вели дека санкциите нема да ја дестабилизираат Русија и ефектот ќе биде спротивен. Тој рече дека неговата земја ќе има „негативни емоции“ кон земјите што воведоа санкции.
Медведев е истакнато име на најновата британска листа на санкционирани лица. Тој во моментов е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, а беше претседател од 2008 до 2012 година и премиер од 2012 до 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.