Поранешниот руски претседател, Дмитриј Медведев, кој моментално е заменик претседател на рускиот Совет за безбедност, ги обвини САД дека прават планови за дестабилизација на Русија и подготвуваат сценарио кое води до нуклеарна војна.
По распадот на Советскиот сојуз, Русија стана цел на примитивна војна во која Русија треба да биде понижена, изолирана, потресена, поделена и уништена.
И сега да замислиме дека Америка ќе биде успешна во оваа рунда од конфронтацијата. Ова ќе биде резултатот: најголемата нуклеарна сила ќе биде под нестабилно политичко водство, со пропадната економија и максимален број нуклеарни бомби насочени кон цели во САД и Европа.
Кина ќе биде следната жртва на САД, и тогаш ќе бидат само неколку кратки чекори до најголемата глобална катастрофа – колапс во снабдувањето со енергија и храна, неуспех на сите колективни безбедносни системи и набргу потоа, голема нуклеарна експлозија – напиша Медведев на Телеграм.
Односите меѓу Русија и САД се на најниска точка во светло на руската воена акција во Украина. САД, заедно со ЕУ и други земји, наметнаа широк спектар на санкции врз Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.